Ивано Балиќ, легендата на хрватскиот ракомет, е подготвен да се врати на ракометот, поточно во репрезентацијата.
Според првичните најави, Балиќ ги прифатил понудените услови од ракометната федерација на Хрватска и ќе му биде прв помошник или десна рака на селекторот Хрвоје Хорват.
Игор Вори ќе добие пододредена улога, односно ќе биде само спортски директор на репрезентацијата.
Информацијата за Балиќ е се уште неофицијална, но од извори блиски до хрватската ракометна федерација се дознава дека Балиќ ги прифатил понудените услови и дека останува само формалноста и именувањето за неколку дена.