Раководството на ракометната СЕХА лига денеска донесе одлука за прекин на сезоната на неодредено време.Актуелната ситуација во Украина го искомплицира организирањето на поголем дел од натпреварите, пред се настапот на украинскиот тим Мотор.
– На состанокот на Извршниот комитет на СЕХА-лигата одржан на 8 март 2022 година, донесена е одлука сите натпревари за сезоната 2021/22 да бидат одложени на неодредено време, – објави СЕХА преку официјално соопштение.
Македонија и сезонава имаше два претставника во СЕХА, односно екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.