Во вторник македонскиот вицешампион Алкалоид ќе дебитира во Европската лига на ЕХФ, а за прв противник го има тимот на Војводина, кој во ова натпреварување влегува како освојувач на ЕХФ Купот.
Во пресрет на средбата во Скопје, атмосферата во редовите на Алкалоид е позитивна, а македонските репрезентативци Игор Ѓоргиев и Мартин Серафимов најавуваат голема борба на паркетот.
„Подготвени сме. Со нетрпение го очекуваме првиот натпревар во Европската лига“, кратко истакна средниот бек.
Серафимов пак вели дека нема откажување и во натпреварот ќе се влезе со желба за победа.
„Играчите се подготвени за предизвиците. Не се откажуваме во ниту еден момент. Секогаш на терен влегуваме со срце и желба за победа“, рече Серафимов.