понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Шего заминува од Монпеље, следна дестинација Бундес лигата

Шего заминува од Монпеље, следна дестинација Бундес лигата

Голманот на француски Монпелје и на репрезентацијата на Хрватска, Марин Шего би требало да се пресели во Бундес лигата, а негов следен нов тим е Гепинген.

Веќе се знае дека договорот со Гепинген ќе биде на две години, а првпат во кариерата ќе настапува во Бундес лигата. Досега Шего играше за Загреб, Висла, Келце, Пик Сегед и Монпелје.

За репрезентацијата на Хрватска има 57 средби и настап на последните големи натпреварувања.

Инаку, во Гепинген ќе дојде на местото на Словенецот Урх Кастелиц, а ќе брани во тандем со Даниел Ребман.