вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ШОК: Пет позитивни теста во ракометната репрезентација пред ЕП

ШОК: Пет позитивни теста во ракометната репрезентација пред ЕП

На последното тестирање нашата ракометна репрезентација доби лоши вести. Пет позитивни тестови добија пет члена на експедицијата по што селекторот Кирил Лазаров нема да може да смета на нив во првата фаза.

Позитивните лица ќе мораат да бидат пет дена во изолација, а потоа кога ќе добијат два негативни ПЦР-теста, ќе може да бидат на располагање. Според актуелните проценки, петте лица нема да бидат дел од првата фаза затоа што најдоцна до 15-ти јануари ќе бидат во изолација, па прашање ќе биде каква ќе биде нивната физичка подготвеност.

Засега од РФМ немаат објавено за кого се работи, дали се тоа ракометари или членови на стручниот штаб и дали ќе биде повикувана евентуална замена.