петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ШОК ВО ЗАГРЕБ: Неочекувана драма за групата во која е Македонија!

Европското првенство почнува во петок, а првиот меч во загрепската арена е во сабота. Токму во таа сала е групата на Македонија заедно со Црна Гора, Словенија и Германија.
ШОК ВО ЗАГРЕБ: Неочекувана драма за групата во која е Македонија!

На три дена до стартот на Европското ракометно првенство во ракомет, организаторот се соочува со сериозни проблеми поради заканата на компанијата Ингра дека загрепската арена нема да може да се користи.

Хрватските медиуми денеска излегоа со шокантни вести, фирмата Ингра, која ја изгради Арената во Загреб, не дава таа да се користи додека не и се исплати долг.

Европското првенство почнува во петок, а првиот меч во загрепската арена е во сабота. Токму во таа сала е групата на Македонија заедно со Црна Гора, Словенија и Германија.

-Потребно е Владата и Град Загреб да ја потврдат исплатата за да се предаде арената. Но според нашите сознанија некои во Владата смета дека треба да ни се плати значително помалку, и тоа го проверуваат, а веќе трае шест месеци. Поучени од претходните искуства кога по Светското ракометно првенство ни останаа должни 1,4 милини куна кои никогаш не ги исплатија, се одлучивме на ваков потег, доколку не добиеме потврда за исплата на потребниот износ, арената нема да се користи, изјави Игор Опенхајм, претседател на фирмата Ингра.

Покрај натпреварите од нашата група, во загрепската арена ќе се играат и дуели од втората фаза, а предвидено е таму да се игра и завршницата.

Капацитетот на арената е 15.000 гледачи, и најголем дел од влезниците се веќе распродадени. Голем проблем ќе биде доколку натпреварите се пренасочат во друга сала.

Организаторот се надева дека ќе се најде решение до стартот на Европското првенство, во спротивно скандалот ќе биде огромен.