Еден од триото шпански ракометари во полскиот Келце ќе си замине на лето. Станува збор за дефанзивецот Мигел Санчес Мигаљон кој ќе ги засили редовите на португалската Бенфика.
Шпанецот дојде во Келце во 2021 година и остави одличен впечаток особено со играта во одбрана, па доби место и во националниот тим.
Иако има активен договор на уште една сезона со Келце, сепак заминува на лето и нема да го одработи до крај.