Ракометната федерација на Холандија денес преку официјалната страна соопшти дека ракометната легенда од Шведска, Штафан Олсон го презема кормилото на машката репрезентација.
Поранешниот ракометар, кој остави голем белег во светскиот ракомет, на клупата на „лалињата“ ќе го наследи довчерашниот селектор, Ерлингур Ричардсон.
Ричардсон со репрезентацијата на Холандија на Европското првенство годинава го оствари најголемиот успех, откако беше освоена 10. позиција. Сепак во квалификацискиот циклус за СП, ракометарите на Холандија беа елиминирани од Португалија и своето место на Мундијалот во 2023 година го обезбедија преку вајлд-карта.