вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Шведската ракометна легенда се повлекува од репрезентацијата

Шведската ракометна легенда се повлекува од репрезентацијата

Ракометната репрезентација на Шведска во иднина ќе биде ослабена поради неиграњето на Никлас Екберг, легендарниот крилен ракометар кој објави дека ја завршува кариерата во националниот тим.

Овој 34-годишен ракометар има зад себе 210 натпревари за А-селекцијата, 841 постигнат гол за Шведска и настапи на 13 големи натпреварувања, па Екберг одлучи дека е време за репрезентативна пензија.