Ракометните гиганти Кил и Барселона со очекувани победи ја стартуваа новата сезона во ракометната Лига на шампионите.
На отворањето на новиот шампионат Барселона со убедлива победа се враќа од гостувањето кај ПИК Сегед во Унгарија (28-35), додека Кил без многу проблеми ја заврши работата против Елверум (36-26).
Фабрегас и Мем со по седум гола и Ричардсон со шест погодоци беа најпрецизни во таборот на „светците“, додека за домашниот тим се истакна Бодо со пет гола.