Репрезентативецот на Црна Гора, Небојша Симиќ, кој од 2017 година настапува за Мелсунген во оваа екипа ќе остане до 2026 година.
Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на ЖРК и РК Вардар, Роберто Гарсија Парондо, преку клупската страна ја објави новата соработка со искусниот голман.
Црногорецот за неговиот актуелен клуб имаше пофални зборови и изјави дека му годи престојот во Мелсунген.