Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека ја раскина соработката со Славе Николов.
Поради зголемен ангажман како ракометен судија на национално и меѓународно ниво спогодбено Николов ја раскина соработката со РФМ во делот на спроведување на програмските активности.
Федерацијата упатува благодарност за досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера.
Согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации во текот на денешниот ден е именуван Благојче Тодоровски на местото на Николов за член на натпреварувачка комисија во рамки на органите и телата на РФМ, ракометен меѓународен судија со долгогодишно искуство на национално и меѓународно ниво.