Репрезентацијта на Словенија доживеа пех во пресрет на почетокот на Европското ракометно првенство во Хрватска, откако на еден од последните тренинзи потешка повреда заработи Матеј Габер.
Габер има скршена коска на стапалото и со сигурност нема да настапи на еврошампионатот.
Пивотот на Пик Сегед е столбот во одбраната на словенечката репрезентација која е во група со Македонија.
Токму против Словенците на 13 јануари „црвено-жолтите“ ќе го одиграат првиот натпревар на континенталниот собир.