Се одиграа два меча од Европското женско првенство во ракомет, а во центарот беше екс-ју дербито помеѓу Словенија и Србија кој се одигра во Цеље. Победија Словенките со 27:24 што е нивна втора победа во групата Б со која обезбедија пласман во наредната рунда.
Првиот дел им припадна на Србинките со 13:15, но во второто полувреме домашните ракометарки беа многу подобри и на крајот направија пресврт.
Најефикасни кај Словенија беа Елизабет Омореги со 6 гола и Ана Грос со 5 гола. Кај Србија по четири постигнаа Јањушевиќ и Кристина Лисчевиќ.
Со овој пораз Србинките го завршија настапот на еврошампионатот.
Во групата А, Хрватска и Швајцарија одиграа 26:26 во Загреб. Домашните ракометарки имаа водство речиси на цел меч, но потоа се доведоа во ситуација да се спасуваат од пораз. Со гол во последните секунди Хрватките извлекоа реми и обезбедија пласман понатаму затоа што имаат три бода, додека Швајцарките со еден бод го завршија настапот.