понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Собрани над 1,3 милиони денари од ракометниот спектакл на 3 јануари

Собрани над 1,3 милиони денари од ракометниот спектакл на 3 јануари

Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.

„Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.

Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт, порачуваат од Ракометната федерација.