среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Солзи, болка и тага, Дувњак не можеше да даде изјава

Солзи, болка и тага, Дувњак не можеше да даде изјава

Голема беше тагата кај сите ракометари на хрватската репрезентација по поразот од Шпанија со 22-20. Веднаш по крајот на натпреварот, Домагој Дувњак помина низ микс зоната, но едвај успеа да одговори на прашањето на колешката од телевизија РТЛ. Солзите му навираа…

„Губевме со четири-пет разлика, успеавме да се вратиме и да поведеме, но на крајот примивме два глупи гола, губевме, се вративме во мечот, поведовме и пак ништо. За жал имавме мала концентрација на крајот. Успеавме да го разбраниме нивниот голман. Многу ми е тешко, не можам, не можам да зборувам…“, изјави Дувњак.

Дувњак беше прогласен за најкорисен играч на првенството.