среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Сопругата на уапсениот ракометар Бунтиќ : Да не избегав, ќе ме убиеше…

Сопругата на уапсениот ракометар Бунтиќ : Да не избегав, ќе ме убиеше…

Поранешниот хрватски репрезентативец Денис Бунтиќ е уапсен во БИХ под сомневање за семејно насилство, а во неговата куќа е пронајдена и голема количина на оружје. Поранешниот ракометар во петокот беше уапсен под сомневање за напад на сопругата, а тамошните медиуми пишуваат дека во саботата е пуштен на слобода. Неговата сопруга Клара имаше што да каже за овој случај.

Таа кажа дека трпела насилство веќе пет години.

„Тој има 160 килограми, а јас 50. Невозможно е човек да се одбрани. Кога во него ќе проработи злото после алкохол и дрога, тоа човек кој не може да се претпознае“, рече Клара Бунтиќ.

За Бунтиќ има предлог за одредување на мерка притвор, но додека судот не ја прифати, тој е на слобода.