вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

СП во ракомет: Македонски јуниорки поразени од Германија, ќе разигруваат за 11. место

СП во ракомет: Македонски јуниорки поразени од Германија, ќе разигруваат за 11. место

Македонската женска ракометна репрезентација до 18 години го претрпе вториот пораз на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево загуби од Германија со 34-21 во разигрувањето за пласман од 9 до 12 место.

По поразот од Исланд кој ги остави без пласман во четвртфиналето, избраничките на селекторот Љупчо Савевски немаа сили да се вратат на победничките патеки и доживеаја висок пораз.

Во завршниот натпревар на Мундијалот во Скопје противник на македонските ракометарки утре ќе биде Хрватска, а победникот ќе се пласира на 11 место. (МИА)