Советот на општина Аеродром вечерва, меѓу другото, донесе одлука за преименување на спортскиот центар „Ново Лисиче“ во СЦ „Марко Божиновски“ во чест на македонскиот ракометен репрезентативец, кој ненадејни и ептен прерано почина пред шест месеци на само 20-годишна возраст.
Станува збор за објектот популарен како „Дупка“, кој со години наназад важи за свратилиште и место каде што ги направија и сѐ уште ги прават првите чекори голем број кошаркарски и ракометни таленти. Божиновски, кој играше за прволигашот Бутел, е дете израснато во Аеродром и беше огромен навивач на МЗТ Скопје, поради што членовите на општинскиот совет сметаа дека треба да сторат сѐ тој никогаш да не биде заборавен, пренесува порталот Спорт1.
Неговото срце прерано, во сон, престана да чука на почеткото од јуни, само два дена по последниот одигран натпревар во дресот на Бутел. Во својата кариера беше дел од кадетската репрезентација на Македонија која настапи на СП 2019, а играше и за младинскиот национален тим.