Ракометната репрезентација на Македонија на 9 март на свој терен ќе ја пречека Португалија во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за претстојните квалификациски натпревари.
На дуелот меѓу Македонија и Португалија правдата ќе ја делат Дејан Марковиќ и Марко Боричиќ од Србија, додека делегат ќе биде Клаус Дитер Конвенц од Белгија.
Мечот Македонија и Португалија ќе се одигра со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Реваншот е закажан за 12 март во Матосињос.