петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Стартува новата ракометна сезона

Стартува новата ракометна сезона

Со четири натпревари во рамки на првото коло денеска официјално почнува новата сезона во македонската ракометна Суперлига.

Актуелниот шампион Вардар 1961 ја почнува одбраната на титулата на гостински терен против Вардар Неготино со почеток во 18:30 часот, додека во истиот термин Прилеп е домаќин на Алкалоид.

Од 19:30 часот на програмата се пресметките меѓу Бутел – Охрид и Радовиш – Јуниор, додека в недела Струга е домаќин на Куманово.

Лигата брои вкупно 16 екипи поделени во две групи.

Првите четири тимови по регуларниот дел ќе продолжат да разигруваат за титулата.