среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Сташ Скубе продолжува во Франција

Сташ Скубе продолжува во Франција

Иако се очекуваше на почетокот на новата сезона да го видиме во Келце, екс вардарецот Сташ Скубе ќе го носи дресот на француски Монпелје со кој потпиша тригодишен договор.

Скубе претходно имаше договорено соработка со полскиот шампион каде што требаше да премине од Мешков Брест ова лето.

Потоа се шпекулираше дека Бертус Сервас може да го испрати на позајмица во францускиот тим, меѓутоа договорено е Словенецот да стане играч на Монпелје.