Кјелце ќе има навистина страшен тим во сезоната 2022/23, откако полскиот великан ова попладне потврди дека го обезбедил потписот на уште еден искусен ракометар кој добро знае какво е чувството да се освои Лигата на шампионите.
Станува збор за поранешниот вардарец Сташ Скубе, кој по крајот на договрот со Мешков Брест ќе му се приклучи на амбициозениот полски проект предводен од тренерот Душебаев.
Кјелце пред извесно време ги договори фантастичните Беноа Кункуд и Недим Ремили, а со потврдата на трансферот на Скубе станува јасно дека ќе биде нападнат трофејот во Лигата на шампионите наредната година.
– Многу сум среќен што потпишав договор со Кјелце. Станува збор за многу амбициозен тим, со многу добри играчи и врвен тренер. Сите ги знаеме и навивачите на Кјелце, каква атмосфера создаваат во салата. Одлуката да ја прифатам нивната понуда беше лесна и многу едноставна, – вели Скубе.