среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Стеауа прв пат во СЕХА

Стеауа прв пат во СЕХА

Во новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига за првпат ќе има екипа од Романија. Тоа е тимот на поранешниот европски шампион, Стеауа од Букурешт со што лигата останува со десет екипи.

Натпреварувањето во новата сезона ќе нема учесници од Словенија. Ќе се играат повторно 18 кола, а потоа најдобрите ќе разигруваат за титулата на Ф4 турнирот.

Учесници во СЕХА лигата за сезоната 2018/19:

Вардар и Металург од Македонија;
ППД Загреб и Нексе од Хрватска;
Војводина и Железничар од Србија;
Извиѓач од Босна и Херцеговина;
Татран Прешов од Словачка;
Мешков Брест од Белорусија;
Стеауа од Романија.