Македонската машка ракометна репрезентација ќе го отвори квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство со домашен меч против Луксмбург.
За дуелот во Скопје делегирани се судии од Словачка. Андреј Буџак и Микал Захрадник ќе се појават на теренот во СЦ „Борис Трајковски“. Тихомир Касуниќ од Хрватска ќе биде делегат на натпреварот.
Дуелот меѓу Македонија и Луксембург се игра в среда со почеток од 19:00 часот.