петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Суперлигашот Охрид ја декласираше домашната екипа на РК „Делчево“ во ракометниот Куп

Суперлигашот Охрид ја декласираше домашната екипа на РК „Делчево“ во ракометниот Куп

Екипата на суперлигашот Охрид немаше големи проблеми во денешниот натпревар од ракометниот Куп на Македонија против домаќинот РК „Делчево“, кој избраниците на екс репрезентативецот Раде Стојановиќ го добија со висока разлика и победа од 45:12.

Стојановиќ на своите избраници им се заблагодари за максималното залагање, а на домаќините им посака многу успех во понатамошните натпревари.

-Разликата беше евидентна во квалитетот, ние најсериозно го сфативме натпреварот. На моите играчи честитки за победата, на РК „Делчево“ им посакувам многу успех во првенството, рече Стојановиќ.

За тренерот на РК „Делчево“ Гоце Стоиловски, искуството од овој натпревар е од пресудно значење за екипата на која ова и беше единствен подготвителен натпревар пред плеј-аут натпреварите во Првата ракометна лига кои продолжуваат овој викенд.

-Честитки до противничката екипа кои заслужено не победија. Ние продолжуваме во плеј-аут ова ни беше прва единствена утакмица за подготвки во услови на ковид-пандемија. Со оглед на условите кои ни дозволуваат ние полека се екипираме за почетокот на плеј-аут, иако денес не бевме комплетни тоа немаше да ја смени кој знае колку сликата на теренот, меѓутоа полека ја собираме екипата за натпревари кои почнуваат во сабота овој викенд, рече Стоиловски.

Со победата на овој натпревар екипата на суперлигашот РК „Охрид“ се пласираше во осминафиналето од ракометниот куп на Македонија.  (МИА)