вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Светското првенство за кадетки ќе се игра во Кина

Светското првенство за кадетки ќе се игра во Кина

Извршниот Комитет на Светската ракометна федерација донесе одлука за местото на одржување на следниот Мундијал за кадетки.

Во 2024 најдобрите 32 селекции во женска кадетска конкуренција ќе играат на СП на Азискиот континент, во Кина. Тоа ќе биде 10. издание на кадетскиот Мундијал, а трофејот од СП во Македонија ќе го брани селекцијата на Јужна Кореја.

Кадетската репрезентација на Македонија заврши на последното место на ЕП за кадетки, од кое првите 12 обезбедија директен пласман на СП.

Од Азија покрај домаќинот, ќе играат уште четири селекции, двата победника на ЕХФ шампионатите, а допрва треба да се одиграат континенталните шампионати во Африка, Северна Америка и Кариби, како и Средна и Јужна Америка.