недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Талевски: Норвешка е фаворит за злато, но и ние знаеме да играме ракомет, не се предаваме против никого

Талевски: Норвешка е фаворит за злато, но и ние знаеме да играме ракомет, не се предаваме против никого

Како што кажаа селекторот и капитенот вистина е дека имаме една тешка група, меѓутоа како што кажа селекторот нема да се предадеме против никого, ова го изјави бекот на македонската ракометна репрезентација Филип Талевски.

-Ги знаеме добро сите селекции, знаеме со каков квалитет располагаат, имавме доста време да се подготвиме и мислам дека тоа доста добро го направивме. Првата утакмица е со Норвешка каде што они се фаворити за освојување на злато, но тоа не треба да не мачи, секоја селекција во денешно време игра ракомет, а ние покажавме во тие квалификации  кои што ги спомна и селекторот и капитенот, дека кога е тешко можеме и знаеме, така да не треба да се плашиме од никого, треба да одиме максимално на секој натпревар чекор по чекор и да направиме некое изненадување како некои селекции што прават. Неше е да слушаме и да ги исполниме задачите кои ќе ги добие секој играч посебно од нашиот селектор, да го дадеме максимумот на терен и мислам дека имаме добра иднина со оваа помлада репрезентација и со оваа игра што покажавме, истакна Талевски.

Едноставно станавме модерна репрезентација со доста трчање со доста постигнати голови. Треба да се фокусираме повеќе на одбраната и со таа транзиција како против Израел и Хрватска покажавме дека знаеме да трчаме и сме спремни, младоста тоа ни го дозволува, додаде Талевски.