сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Танкоски останува ракометар на Металург

Танкоски останува ракометар на Металург

Марио Танкоски ќе остане ракометар на Металург. Вакво решение донесе Арбитражната комисија на Ракометната федерација на Македонија, откако македонскиот репрезентативец беше поврзуван со преминување во Еурофарм Работник.

Сепак, поради актуелниот договор, Танкоски мора даодигра уште една година во тимот од Автокоманда.

Доколку битолскиот тим, кој оваа година ќе настапи во СЕХА лигата и ЛШ, сака да го доведе во своите редови, тогаш ќе мора да плати за трансферот.

Ракометарот во рок од осум дена може да поднесе жалба на оваа одлука. (МИА)