среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

ТАЖНА ВЕСТ од Келн: Почина новинарот на кого му се слоши за време на финалето во ракометната ЛШ

ТАЖНА ВЕСТ од Келн: Почина новинарот на кого му се слоши за време на финалето во ракометната ЛШ

Трагедија на финалето на ЕХФ Лигата на шампионите во ракомет во Келн, Германија. Новинар почина откако му се слоши на мечот за титулата помеѓу Магдебург и Кјелце. Станува збор за полскиот новинар Павел Котвица кој работеше за порталот „Ехо Днија“.

Во 18 минута од второто полувреме натпреварот беше прекинат кога на новинарот му се слоши во новинарската ложа. Неговите колеги околу него побараа прекин на натпреварот и повикаа брза помош.

Му беше извршена реанимација, на носилки беше изнесен од „Ланксес арената“ и со возило на брза помош беше префрлен во болница.

Околу еден час по завршувањето на финалето, од болницата беше пријавено дека новинарот починал. Ова беше потврдено и во соопштението на Европската ракометна федерација.

– ЕХФ жали за загубата на колегата од медиумите кој почина за време на фајналфорот на ЕХФ. Тој доби лекарска помош во второто полувреме, но за жал, почина. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите и роднините – се наведува во соопштението на ЕХФ.