вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Тешка повреда на Павловиќ, во „аут“ следните шест месеци

Тешка повреда на Павловиќ, во „аут“ следните шест месеци

Хрватскиот ракометар, Домагој Павловиќ, ќе замине на итна операција на коленото, која ќе го оддалечи од терените во следните шест месеци, јавуваат германските медиуми.

Повремениот хрватски репрезентативец е член на Мелсунген, каде тренер е поранешниот вардарец, Роберто Гарсија Парондо, а шпанскиот стратег сега ќе мора да пронајде нови опции во нападот и да креира нови опции во тимот, без Павловиќ во него.

Германскиот тим солидно ја започна сезоната во Бундеслигата и во моментов е второпласиран на табелата, но отсуството на Павловиќ сигурно ќе создаде одредени проблеми во офанзивната линија.

Ова значи дека средниот бек скоро целосно ќе го пропушти остатокот од сезоната, а неговото враќање би се очекувало најрано во април или мај. Павловиќ нема да биде во комбинација за настап и на Европското првенство кое ќе се одржи во јануари, а ќе се одигра токму во Германија.