Ракометарите на Вардар одиграа без победник против Елверум (27-27) во првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите.
Дуелот во Норвешка ни донесе голема борба низ сите 60 минути, две екипи кои се надигруваа и се обидуваа да победат, но се чини овој резултат е најреален ако се земе се што се случуваше на теренот. „Црвено-црните“ во еден дел во првиот дел имаа плус четири, ама му дозволија на противникот да направи серија и на полувреме да се замине со 13-13.
Стартот на второто полувреме им припадна на домаќините кои дојдоа до 16-13, меѓутоа Вардар за брзо се врати и воспостави рамнотежа. Во престонатиот дел двата состави се менуваа во водството, но на крајот четата на Вујовиќ беше таа која со серија од 2-0 дојде до бодот на отварањето на камапњата.
Томовски блескаше на голот и запиша 14 одбрани, додека пак листата на стрелци ја предводеше Тото со 6 погодоци.
Вардар во второто коло ќе го пречека Мешков Брест.