понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Томовски: Немаме дилеми, одиме на победа и на завршниот Ф4 турнир во СЕХА

Томовски: Немаме дилеми, одиме на победа и на завршниот Ф4 турнир во СЕХА

Двомеч во четвртфиналето на СЕХА меѓу Вардар и Загреб, двата клуба имаат исти амбиции, пласман на завршниот турнир во Задар во СЕХА конкуренцијата.

Голманот на Вардар, Мартин Томовски, нема дилеми пред утрешниот дуел, одиме на победа.

„Загреб е солидна екипа која со години игра во СЕХА-лигата. Оваа сезона се засилија и ајде да кажеме дека одбраната им е главно оружје. Се надеваме дека тоа само така изгледа, гранитно во средината бидејќи имаат двајца искусни играчи кои настапуваа во Бундес-лигата. Имавме доволно време да се подготвиме, вршиме видео-анализи, верувам дека ќе ги согледаме нивните слабости и ќе ги искористиме. За нас нема дилеми, одиме на победа и на двете средби и пласман на фајналфор турнирот во Задар“, изјави голманот Мартин Томовски.

Дуелот меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб се игра утре со почеток од 20-15 часот и со пренос на МТВ.