Мартин Томовски беше сигурен меѓу стативите на Македонија и со вкупно седум одбрани, повеќето во второто полувреме имаше допринос на нашиот национален тим да ја одбрани предноста од Скопје.
Сега следува двомечот со Чешка, за која Томовски вели дека мора да се подготвиме добро.
„Имавме мало растеретување поради предноста, но за разлика од првиот меч противникот тука ја имаше под контрола нашата игра и лесно доаѓаа до нашиот гол. Во нападот тешко реализиравме, дојде и мала нервоза и тоа резултираше да имаме негатива и пораз. Но, од убавите работи ќе извлечеме што пројдовме понатаму и ќе анализираме да ги поправиме грешките. Чешка е квалитетна селекција, исто како и Романците. Среќни сме затоа што одиме понатаму, а ќе дадеме се од себе да се подобриме. Одбраната беше наша посилна страна од нападот на овој натпревар, иако имавме мали проблеми со неа во првиот дел. Тоа не држеше во оваа средба. Против Чешка ќе мора да бидеме едно ниво погоре“, изјави Томовски.