среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

ТРАГЕДИЈА: Српска ракометарка загина во тешка сообраќајна несреќа

ТРАГЕДИЈА: Српска ракометарка загина во тешка сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа којашто се случи синоќа во Србија, загина 34-годишната ракометарка Марија Павловиќ.

Од нејзиниот клуб Темерин ја потврдија информацијата додавајќи дека големата трагедија ги погодува како нив, така и целата спортска јавност во Србија.

Павловиќ во својата долгогодишна кариера настапувала за екипите, на Слога, Јуниор, Петроварадин, Младост Нова Пазова, на позицијата голман.