петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Три кандидати побараа кандидатура за женското ЕП 2026 година

Три кандидати побараа кандидатура за женското ЕП 2026 година

Европската ракометна федерација објави дека се официјализирани три кандидатури за домаќинството на женското ЕП 2026 година.

Турција за првпат се кандидира и ги предложи градовите Анкара, Анталија и Истанбул за домаќини, со тоа што финалето би се играло во Истанбул во „Синан Ердем“ која има капацитет од 16.500 гледачи.

Чешка и Полска имаат заедничка кандидатура со три предложени домаќини – Брно од Чешка, како и Лубин и Катовице од Полска.

Финалето е планирано да се игра во „Сподек Арена“ со капацитет од 11.016 гледачи. Романија и Словачка исто така имаат заедничка кандидатура со седум града домаќини. Клуж-Напока, Питешти, Крајова, Бистрица и Букурешт од Романија, како и Братислава и Кошице од Словачка. Финалето би се играло во „БТ Арена“ во Клуж со капацитет од 10.000 гледачи.