петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

„Трофеј Карпати“ македонските ракометни кадети ќе го отворат со Египет

„Трофеј Карпати“ македонските ракометни кадети ќе го отворат со Египет

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ја очекува настапот на турнирот „Трофеј Карпати“ во романскиот град Плоешти каде ќе играат против Египет и Црна Гора.

Македонија ќе го отвори турнирот на 26 октомври против африканскиот претставник со почеток во 14:30 часот.

На вториот ден, нашите ракометари ќе играат со Романија во 16:30 часот, додека за крај ќе се соочат со Црна Гора од 09:30 часот.

Настапот на овој турнир е дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2024 што ќе се играат во Скопје, а ривали се Словачка, Швајцарија и Косово.