недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Циндриќ нов ракометар на романски Динамо

Циндриќ нов ракометар на романски Динамо

Хрватскиот репрезентативец и европски првак со Вардар 1961 во 2017 година, Лука Циндриќ, ги напушти редовите на шпанскиот шампион Барселона, две години пред истек на договорот, и го засили Динамо од Букурешт, соопштија денеска двата клуба.

– Барселона и Циндриќ го раскинаа договорот кој ги врзуваше до 30 јуни 2025. Клубот му се заблагодарува на Циндриќ за професионалноста и му посакува многу среќа и успех во иднина, соопшти каталонскиот клуб.

Циндриќ дојде во Барселона од полски Киелце во 2019 година, откако претходно беше дел од Вардар 1961 со кој ја освои европската титула.

Циндриќ во букурешки Динамо ќе соработува со тренерот Чави Пасквал и спортскиот директор Давид Баруфет, кои го донесе хрватскиот ракометар во Барселона пред четири години.