На Медитеранските игри што ќе се одржат во Алжир ќе настапи и женската ракометна селекција која во првата фаза ќе се натпреварува во Б групата.
На почетокот од турнирот на 30 овој месец од 11 часот ќе се соочиме со репрезентацијата на Турција. На први јули два часа подоцна противник ни е селекцијата на Србија, а еден подоцна во истиот термин ќе се сретнеме со Португалија.
Првите две репрезентации од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето, а во А конкуренцијата ќе партиципираат селекциите на Шпанија, Тунис, Хрватска и Алжир.
Настапот на Медитеранските игри во Алжир се уште една можност нашата селекција што е можно подобро да се подготви за настап на Европското првенство кое кон крајот на годинава ќе се одржи во Македонија.