Женската младинска ракометна репрезентација на Унгарија го освои златото на Европското првенство во Романија, откако во финалето славеше убедливо против Данска со 35:26 (14:17).
Младинките на Унгарија веќе третпат по ред го освојуваат првото место на младинскиот континентален собир.
Унгарија на Европското првенство во младинска конкуренција беше победник во 2021 и 2019 година.
Третото место го освои домашната селекција, Романија, која во натпреварот за бронзениот медал ја совлада Португалија со 39:32 (18:13).
Шведска со победата над Франција од 29:25 (15:9) ја освои 5. позиција, додека црногорската репрезентација во дуелот за седмо место беше поразена од Швајцарија со 37:32 (18:16).
Македонската репрезентација настапот на Европското првенство го заврши на 15. позиција.