Поранешниот ракометен репрезентативец на Словенија, Урош Зорман, се наоѓа пред промоција на селекторската функција во словенечката машка ракометна репрезентација, а неговото официјално претставување како нов селектор би требало да биде потврдено до крајот на денот.
Зорман, моментално го предводи амбициозниот тим на Тримо Требње, екипа во која настапуваат ракометарите од Македонија, Тоше Ончев и Милан Лазаревски.
Тој беше главен фаворит од понудените кандидати за нов селектор на сениорската репрезентација на Словенија.