На официјалната прес-конференција, тренерот на пелистерци Ларс Валтер им честита на домаќините за извојуваната победа и истакна дека по сите проблеми со повредени ракометари тешко беше вечерва да се игра против вака силна екипа.
„Честитки на победата. Бевме премногу уморни, а тие играа моќно. На минатите четири средби се соочивме со многу незгодни повреди и тоа ни донесе многу проблеми во тимот. Ова не треба да биде изговор, но овој натпревар ни дојде премногу. Како тренер можам да кажам дека моите играчи го направи она што го можеа на терен. Сега, треба добро да се одмориме и да бидеме целосно спремни за следниот меч кој е за седум дена.
До крајот на есенскиот дел во Европската лига преостанува уште еден натпревар на кој одново ќе се сретнат вечерашните ривали, овој пат во Битола.