среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар 1961 потпиша со португалски тинејџер

Вардар 1961 потпиша со португалски тинејџер

Младинскиот репрезентативец на Португалија, 19-годишниот Нилтон Мело, е нов ракометар на Вардар 1961, објави попладнево македонскиот прволигаш.

Португалскиот лев бек потпиша двегодишен договор со двократниот европски првак и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски, кои играат на истата позиција во редовите на „црвено – црните“.

Нилтон потекнува од академијата на Спортинг Лисабон, а изминатата сезона го носеше дресот на португалскиот прволигаш Виторија.

Претходно Вардар 1961 потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер. (МИА)