четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар го победи Бутел во заостанат дуел од плејофот

Вардар го победи Бутел во заостанат дуел од плејофот

Ракометарите на Вардар попладнево го победија Бутел со 25:21 во натпревар од плејофот на Суперлигата којшто беше одложен поради убиството на Денис Тот.

Гостите му пружија достоен отпор на фаворитот кој настапи некомплетен без неколкумина стандардни првотимци. На полувреме беше нерешено 10:10, па во вторите 30 минути домаќините „засилија“ и на крај заслужено дојдоа до победата.

Во победничката екипа најефикасен беше Моралес со седум голови, додека кај Бутел најмногу погодоци постигна Марко Митев – пет.

По денешната победа, Вардар собра 17 бода и се врати на два негатива во однос на лидерот Еурофарм Пелистер кој има 19.

Бутел останува на третата позиција со 9 бода, Еурофарм Пелистер 2 е четврти со 7, Тиквеш има 5, последен е Охрид со само 1 бод.