Вардар го одбрани ракометниот Суперкуп на Македонија совладувајќи го Металург во Струга, со 33-24.
Ова беше втор ваков натпревар во историјата на македонскиот ракомет, а прв кој се одигра на отворено во рамките на Струшкиот турнир, откако ланскиот заврши со триумф на Вардар над Еурофарм Работник.
Дибиров беше најефикасен со осум гола, по четири постигнаа новите засилувања, Кисељев и Скубе, а по толку имаа најефикасните кај Металург, Кузмановски и Танкоски. Вардар сега продолжува на подготвителен турнир во Стразбур, а со Металург повторно ќе се сретне на 29 август, во првото коло од СЕХА-лигата.