Maкедонските ракометни претставници во СЕХА лигата, Вардар и Еурофарм Пелистер ги дознаа противниците во четвртфиналето од регионалното натпреварување.
По мечот помеѓу Партизан и Татран Прешов во кој српскиот тим славеше победа од 36:35 стана јасно дека Вардар од втората позиција ќе игра против Војводина, додкеа битолскиот состав ќе се сретне со Татран Прешов.
Во останатите четвртфинални парови ќе играат Нексе – Загреб и Веспрем – Партизан.
Плеј-офот во СЕХА лигата стартува на почетокот на април и македонските клубови првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.