Стручниот штаб на Вардар1961 продолжува да се екипира, и сезонава тренер на голманите ќе биде Александар Рогановиќ. Тој лани веќе работеше како тренер на голмани кај „црвено-црните” но поради приватни причини замина на крај од годината.
Вардар беше задоволен од неговата работа во клубот и повторно се договорија за соработка. Тој ќе работи со Борко Ристовски, Мартин Томовски и Васил Гогов, тројката со која и лани соработуваше во клубот. Црногорецот е веќе на тренинзите на клубот.