петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар избори нов пласман во завршниот фајнал-фор на СЕХА лигата

Вардар избори нов пласман во завршниот фајнал-фор на СЕХА лигата
Македонскиот ракометен шампион Вардар со победа во Нови Сад го потврди пласманот на завршниот фајнал фор во СЕХА лигата.  Црвено – црните во реваншот од четвртфиналето ја совладаа Војводина со 32-26 и ќе се борат за 6. Рекордна титула во ова натпреварување.
Дека српскиот шампион нема шанси барем со победа да се прости од регионалната лига по убедливиот пораз во Скопје беше потврдено дури во второто полувреме откако Вардар дозволи во првиот дел Војводина  да го диктира темпото и да го реши првиот дел со предност од 16-11.
Домашниот тим се бореше успешно некаде до 35-тата минута кога гостите од Скопје полека се стабилизираа и го свртеа резултатот во своја корист и до крајот користејќи ги грешките на неискусниот противник дојдоа до сигурна победа.
Одличен меч одигра Гоце Георгиевски кој постигна 10 погодоци пред Чувара со 7 и 6 на Талески.Вардар во полуфиналето на Фајнал – фор турнирот ќе игра со победникот од дуелот Нексе Загреб додека Еурофарм Пелистер кој го елиминира Татран Прешов го очекува подобриот од пресметката Партизан Веспрем.