недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар обезбеди домашни засилувања за следната сезона

Вардар обезбеди домашни засилувања за следната сезона

Актуелниот македонски шампион и поранешен двоен европски шампион, екипата на Вардар, без разлика што сезоната се уште е во првата фаза веќе обезбеди две засилувања за следното лето и тоа од домашното првенство.

Станува збор за Томислав Јагуриновски, кој се враќа во добро позната средина со оглед што беше дел од црвено-црните во сезоната 2020/21, по што изнесен период мина на Исланд па се пресели во дресот на скопски Пролет. Од оваа екипа е и второто ново засилување за вардарци почнувајќи од идната сезона и тоа Михаил Аларов.

„Со ова го зголемуваме бројот на македонски репрезентативци, а плановите на клубот околу засилувањата не застануваат тука. Двајцата ракометари и покрај другите клубови решија да му се приклучат на Вардар, кој е препознатлив спортски бренд во светот, свесни за големината на најдобриот македонски клуб“, велат од таборот на Вардар.