вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар по победата во Битола зачекори кон одбрана на титулата

Вардар по победата во Битола зачекори кон одбрана на титулата

Ракометарите на Вардар 1961 запишаа победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер со 23-26 (11-11), во рамките на плеј-офот на Суперлигата и со тоа дојдоа до пол-позиција за титулата. На три кола пред крајот, вардарци зачекорија кон одбрана на тронот.

Со девет погодоци, покрај голманот Ристовски, блесна и Куни Моралес, додека шест постигна Филип Талески.

Кај пелистерци, Немања Обрадовиќ стрелаше пет пати, а Граџан даде четири.